Регистрација на возила со ЕУРО 1 стандард до крајот на април

Bez autora
Apr 06 2011

Сопствениците на сите половните возила од категорија М1, М2, М3, Н1, Н2 и Н3, односно од стандардот ЕУРО 1, кои царинската постапка ја завршиле до 28 март годинава, имаат обврска постапката за единечно одобрување - хомологација и регистрација на возилата да ја завршат во рок од 30 дена, односно до 26 април годинава. Како што информираат од Министерството за економија, во согласност со техничките барања утврдени во Прилогот 17 од Правилникот за единечно одобрување на возило, возилата треба да ја завршат процедурата под условите што важеа до 30 септември 2010 година. Овие измени се дел од новиот Правилник за измена и дополнување на Правилникот за единечно одобрување на возило, објавен во Службениот весник на РМ на 28 март годинава.

Регистрација на возила со ЕУРО 1 стандард до крајот на априлСопствениците на сите половните возила од категорија М1, М2, М3, Н1, Н2 и Н3, односно од стандардот ЕУРО 1, кои царинската постапка ја завршиле до 28 март годинава, имаат обврска постапката за единечно одобрување - хомологација и регистрација на возилата да ја завршат во рок од 30 дена, односно до 26 април годинава.

Како што информираат од Министерството за економија, во согласност со техничките барања утврдени во Прилогот 17 од Правилникот за единечно одобрување на возило, возилата треба да ја завршат процедурата под условите што важеа до 30 септември 2010 година. Овие измени се дел од новиот Правилник за измена и дополнување на Правилникот за единечно одобрување на возило, објавен во Службениот весник на РМ на 28 март годинава.

- За таа цел, сопствениците на ваквите половни возила треба да се обратат до овластените технички служби за вршење на хомологација - порачуваат од ресорното Министерство. Според нив со оваа измена на Правилникот им се овозможува на граѓаните, правните и физичките лица во земјава да го регулираат прашањето со веќе увезените возила за кои е завршена постапката за царинење, како и правото на спроведување на постапка за единечно одобрување на возило на употребувани донирани возила и возила за специјална намена кои ги исполнуваат емисионите стандарди ЕУРО 1.

Од Царинската управа на Македонија информираат дека во првите два месеци од годинава во земјава се увезени 6.636 возила, од кои најмногу се патнички автомобили и тоа нови се само 1.853, а употребувани 5.222 автомобили.

- За првите два месеци од годинава значително помала е бројката на товарните моторни возила и автобусите и минибуси. Нови товарни возила се увезени 111, а употребувани се 215, кај автобусите и минибусите нови се 16 , а употребувани 19 - инфорираат од Царинската управа.

Според нив лани од вкупно 62.519 увезени возила најмногу отпаѓа на употребуваните возила чија бројка достигна 51.399 патнички автомобили, а за товарните моторни возила таа е околу 2.483. Бројката на новите патички возила изнесува 7.183, а на новите товарни возила - 874.

Споредбата на ланските бројки во однос на 2009 година се значително различни. За 12 месеци во 2009 година увезени се вкупно 16.151 возило, од кои најмногу, дури 10.574 се нови патнички автомобили и 2.944 употребувани.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik